Ова е моето омилено јадење што го научив од мојата баба, кога бев мала и одев на гости кај неа ми го спремаше за ручек, па затоа решив да го споделам со вас.

1. Спанаќот се чисти од рачките, се мие и се дроби со раце.
2. Кромидот се сецка и се динста на малку вода во керамичката тава на Делимано, потоа се додава ситно сецканиот морков, па потоа месото. Се додаваат зачините по желба.
3. Кога ќе омекне и месото се додава постепено и спанаќот. Се меша да се соединат состојките и на крај се додаваат оризот и доматното пире.
4. Смесата се става во тава и се полива со загреана вода и се пече во загреана рерна на 200Ц околу 30мин додека не испари водата.

Се служи со кисело млеко.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови