Веганска верзија на салата, одличен вкус - изобилува со витамини.
1. Спанаќот се чисти од дршките и се мие, се цеди и кине на парчиња. Морковите излупени се рендаат на крупната страна од ренде, се ренда и цвеклото, се додава и ренданата кора од лимон(само жолтиот дел).
2. Настрана во мала тегличка се додаваат сите состојки за дресинг, се затвора со капак и убаво се протресува за да се изедначи смесата внатре.
3. Зеленчукот во садот се зачинува со сол, бибер и малку кумин, па се меша. Најгоре се става дресинг(прелив) и се промешува се заедно.

Пред конзумација се остава да отстои 15 минути,з еленчукот ќе поприми поинтензивен вкус од останатите додатоци.

Топло ја препорачувам.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови