Прекрасен колач, се топи во уста. Спојот на состојките го прават неодоливо вкусен.

Подготовка -

1. Во мало тенџерче, на средна температура, ставаме путер, шеќер, млеко и ванила. Кога ќе зоврие оваа смеса, додаваме ореви и тргаме настрана, за да се излади смесата.
2. Потоа се замесува тесто со наведените состојки, од кои брашното го додаваме на крај (по потреба ако ви лепи тестото додадете малку брашно).
3. Во голем плех од рерната (намрсен и набрашнет) го распоредуваме рамномерно тестото, премачкуваме со мармаладот, па го нанесуваме рамномерно филот со ореви.
4. Печеме во загреана рерна на 180 степени (околу 20-25 минути).
5. Го оставаме колачот потполно да излади, па сечеме со остар нож квадрати, па триаголници.
6. Декорираме со растопено чоколадо (ако сакате, иако не мора).

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани