Во вода која врие додаваме сол и ги ставаме макароните да се варат.
Пред сам крај ги додаваме нудлите и вариме уште 2 минути.
Ги процедуваме.
Во сад ги соединуваме јајцата, зачините, киселата павлака, јогуртот, сирењето, шери доматите, исцедени од течноста брикетите спанаќ
Соединуваме, па ги додавамне шери доматите и 2 лажици од маслото во кои се маринираа.
Соединуваме убаво.
Со овој прелив ги соединуваме исцедените и малку изладени тестенини.
Промешуваме и смесата ја ставаме во огноотпорен сад
Израмнуваме и најгоре рендаме кашкавал.
Запекуваме во релна околу 20 минути, но да не бидат пресушени внимаваме
Сервираме топли.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани