Подготовката на ова многу убаво летно освежување оди вака

1. Во сад се става сечената диња и шеќерот и убаво се пасира. Потоа се додава ликерот и виното. Убаво се меша и се става во замрзнувач убаво да се олади. Откако ќе го ставите, првите 2-3 часа, вадете го на 40 мин.и промешувајте го за убаво да замрзне и да не се направи лед.

2. Сорбетот од малина се прави на ист начин. Малините (моите беа замрзнати) се мешаат со шеќерот, ванилата и убаво се пасираат. Потоа се додава ликерот, убаво се меша и се става во замрзнувач до користење. Јас бидејќи користев замрзнати малини, мојот веднаш беше готов за користење.

Доколку немате при рака ликер од портокал/лимон во смесите додадете сок од портокал/лимон и алкохолот слободно изоставете го.

Се служат во чаша или во сад за сладолед. Уживајте во вкусовите.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани