Овој рецепт како и предходниот е од една моја драга ФБ пријателка Мубера, која освен што е мајстор за теста и погачи и одличен готвач, исто така е и една прекрасна личност. За почеток јас ги избрав овие 2 полесни рецепти на испробување, до сладниот пат кога можеби ќе соберам храброст да испробам и некоја од нејзините феноменални изведби на погачи.
Ова е брз и лесен рецепт со одличен вкус и убава визуелизација...
Едноставно направете глетко тесто од сите наведени состојки (се разбира, освен кашкавалот) и оставете го 15-30 мин да одмори.
Развлечете кора и со помош на калапчиња вадете форми. Помегу два калапи тесто се става лист кашкавал или она што имате и изберете, но за поубав изглед на горниот дел од тестото направете му со друго помало калапче отвор.
Премачкајте ги одозгора со разматена жолчка, ставте ким во средината за декорација (бидејќи ако не изгледаат како сонце, барем ке личат на цветови хехе) и печете на 180 степени додека благо не поруменат.
Бон апетит!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани