Исецкајте ја шунката и краставичките на мали коцкички.

Кашкавалот ситно изрендајте го.

Измешајте ги јогуртот и јајцата, додадете го брашното, солта, прашокот за печиво, сето тоа измешајте го за тестото да биде изедначено, без грутки.

Потоа додадете го маслото, па шунката, краставичките и кашкавалот, па на крајот мајчината душица.

Смесата соединете ја, префрлете ја во плех или калап обложен со хартија за печење.

Печете на 180-190 степени, околу 30-40 минути.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови