Се замесува тесто од брашното, маргаринот, стасаниот квасец во млекото и две јајца. Тестото се остава 20мин да одмори, а потоа се сукаат две-три кори. Кората се премачкува со изматено јајце и се поросува со сусам,  а потоа се превртува на хартија за печење и од другата страна се премачкува прво со јајце, а потоа се поросува со афион. Се сечат траки со ширина од 1,5-2см и должина околу 8см. Секоја трака се свиткува како спирала и се реди во подмачкан плех да одмори 20минути а потоа се пече.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови