Еден од моите омилени појадоци е денешниот предлог
Тоа што имав во фрижидерот, тоа и употребив.
Превкусни, воопшто не се мрсни, воздушести...ммммм
Пробајте ги
Во вангличка ги ставаме јајцето, пивото, киселата павлака, младото сирење, сол, оригано, пециво, брашно, ракија
Со миксер со најмала брзина или со жица за матење ги соединуваме убаво состојките.
Во касерола налеваме масло и го загреваме на умерен оган, никако на јак.
На пр од 1-6, пржиме на 3 или 4
Испжените фритули ги редиме на хартиена салфета.
Послужуваме со шери домати, јогурт......

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани