Рецептот авторски не е мој туку е на тетка Вера Трајковска која има нејзин блог за храна само е во моја изведба. Тетка Вера лично не ја познавам, ама бескрајно ја почитувам како виртуоз во кујна и често знам да ѕирнам по некој рецепт од таму. Соленкиве се супер и дозата е поголема па ќе има за повеќе уживање

Од сите состојки освен јајцето се замесува тесто. Заради полесно обликување добиеното тесто јас го поделив на три дела. Секој дел се развлекува во кора со дебелина од 5 мм и по желба се вадат крекерчиња или се сечат стапчиња со дебелина на прст, кој како си милува. Намерно во тестото ставив дека треба маргарин зошто многу лесно можат да се пренаменат како посна верзија, наместо рендано сирење, сецкани маслинки, може да додавате, перца од кромид, мелен црвен пипер, или било кој зачини по желба. Се премачкуваат со разматено јајце,(јас овој пат имав останати 2 белки од претходниот рецепт, па ги премачкав со нив). се наросуваат со сусам, ким.... и се печат на 200 степени 15-17 мин.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови