Најпрво на мали коцки се сечкаат шунката, кашкавалот, морковот, сирењето и магдоносот.
Потоа се матат јајцата со солта и се додаваат останатите состојки.
Се' се меша убаво со шпатула, смесата да се изедначи од сите состојки и се истура смесата во калапи за мафини, обложени со хартија за печење или во хартиени корпи.
Се печат на 180 степени околу 30 минути.

Брзо вкусно мезе, а може со чаша јогурт да помине и како добар доручек.
Често пати ставам и семки од тиква, сончоглед, лен....изборот е ваш за додатоци

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани