Подготовка

- Во длабок сад просејте го брашното и додадете му ги сите други суви состојки (сол, пециво, квасец).

- Ставете го целиот јогурт и полека додавајте го млекото, мешајќи со миксер додека да добиете тврдо тесто и тоа да може да се обликува во топка.

- Тестото покријте го со влажна кујнска крпа и оставете го 15 минути да отстои.

- Тестото поделете го на два еднакви дела расукајте ги потенко и идентично.

- На едната половина од тестото ставете кечап, кашкавал и шунка и преклопувате со второто тесто.

-Филот го нанесувате на едно место со лажица така да кога ќе го ставите второто тесто да знаете каде ќе ги формирате крофните со чаша.

- Крофните ги оставаме да стасаат околу половина час.

- Пржете ги во многу врело масло додека да добијат убава златно-кафена боја.

На здравје!!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани