Јајцата напрво ги матиме со миксер. Потоа го додаваме јогуртот, брашното и прашокот
за пециво. Откако ќе добиеме хомогена смеса ги додаваме зеленчукот и миксот од
семиња и мешаме со лажица. Вака добиената смема ја ставаме во претходно набрашнет
куглов, ама може и во обично тепсивче да ја ставите, зависно што имате дома.
Печеме во загреана рерна на 200 степени околу 25 минути и ова зависи колку ви пече
шпоретот, но секако најдобро е да провериме дали е готова на оној стандарден начин со
чепкалка за заби.
Откако е готова сервираме и јадеме по желба, зависно од личниот вкус. Јас обично ја
комбинирам со сирење.