Портокалите и лимонот убаво се мијат, се рендаат или се мелат низ машина за мелење месо. Ако не сакате сокот да има горчлив вкус излупете ја лушпата. Во мелените(рендани)портокали и лимон се ставаат во сад, во садот се додава 1 литар вода, лимонтусот и шеќерот. Убаво се меша со лажица да се стопи шеќерот(5-10 мин.).
Се остава во фрижидер 24 часа. Се процедува низ газа. Сокот се собира во чисти шишиња. Се чува на ладно.

-Овој сок е за растворање 1 литар сок,се раствора со останатите 3 литри вода. Ако ви биде благ може да додадете повеќе вода затоа најдобро по малку да го растворате, ама по ваша желба.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови