Не заменлив додаток во борбата против МАЛИГНИТЕ заболувања, полн со хлорофил познат како течен кислород, Б17 и многу ензими, идеален за прочистување на лимфните жлезди и крвта!
Многу од надрилекарите го наплатуваат, па затоа дојдов на идеја да го постирам за да не печалат на туѓата мака.
Пченицата се става во фрижидер да стои 24 часа. Потоа се мие со топла вода и се остава да откисне 12 часа со 2 чаши вода на собна температура, се покрива со тенка газа.Откако ќе набабри се остава уште 12-24 часа да изрти.
Во саксија се става околу 4 см земја и врз неа густо се распоредува изникнатата пченица. Се покрива со темна крпа и се остава уште 3 дена. Секојдневно се полева со вода, не премногу, колку да биде мокра земјата. По третиот ден се открива и се остава уште неолку дена да порасне. Целиот процес трае од 6 до 8 дена.

Пченицата се крои околу 2 см над земјата, се мие и се става во бледнер со неколку коцки мраз (ќе помогнат подобро да се иситни тревата) и 2 чаши вода.
Особено важно е да се процеди низ газа или цедалка за да се извади целулозата која може да го оптовари системот за варење. Се полни во калапчиња за лед и се смрзнува.
Секое утро се конзумираат од 2 до 6 коцки зависно од потребата на организмот за прочистување во период од 2 месеци, потоа се паузира.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови