Еве еден прекрасен рецепт кој се подготвува за многу брзо време, а вкусот на снежните коцки е неодолив. Но внимавајте рецептов е доста калоричен.
1.Најпрво во еден сад на среден оган ставте ги шеќерот, млекото и маслото и промешајте да се соединат. Смесата мешајте ја постепено се додека да почне да врие. Откако ќе почне да врие оставете да врие 3 минути.
2.Во еден сад промешајте ги да се соединат претходно мелениот орев брашното,млекото во прав и кокосот.Смесада дојдате ја врелата течност и мешајте постојано се додека да добиете густа каша.
3.Во еден четворен калап ставте најлонска фолија и посипете со малку кокос па истурете ја врелата смеса па над смесата повторно ставете најлонска фолија и со рака распоредете ја подеднакво насекаде, висината на коцките треба да биде 1 см.Откако ќе ја расторедете тргнете ја најлонската фолија од горната површина и повторно посипете кокос.
4.Оставете да се олади 3-4 минути па внимателно исечете коцки од 2,5 см.Оставете ги коцките да се оладат па сервирајте.Украсете по желба.Добар Апетит

Забелешки
1.Смесата од млеко,масло и шеќер кога ќе почне да врие ќе почне да се појавуваа како пена (меурчиња) но промешувајте постепено додека да извари 3 минути.
2.Брашното,млекото во прав,мелениот орев и кокос кога ќе ги додадете садот со течноста треба да биде на оган се додека да добиете каша.
3.Коцките се сечат додека е млака смесата бидејќи ако е врела ќе ви лепи на ножот,а ако е оладена ќе пука затоа треба да биде во средина ни врела ни оладена.
4.Филџанот е 100 мл.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани