Одлично убаво напиточe. Мешан спој на состојки, кои се совпаѓаат. Секое утро конзумирам мешавини од смутиња, па решив малку да експериментирам и навистина е убаво. Ликерот од јајце можете да го спремите и сами, но и да го купите. Го има и во мали и во големи шишенца. Во наредна прилика ќе ви го споделам и рецептот за ликерот.

Подготовка;

1. За почеток го помешувам ликерот и сладоледот заедно. Ако не користите сладолед, тогаш банана.
2. Ги додаваме млекото, малините и овесот, па уклучуваме нутрибулет.
3. Спојуваме се. Ако е многу густо додајте млеко. Густината зависи од големината на малините.
Јас декорирав со малини.
Нека ви е на здравје.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови