За мене утрата не се најомилен дел од денот бидејќи тешко се расонувам, а фактот што не пијам кафе уште повеќе ми го отежнува функционирањето рано наутро.
Во смути или смуди пијалоците пронајдов брз и лесен појадок којшто убаво ме буди и ми ја дава потребната енергија.
Со сопругот експеримантиравме со различни состојки но и двајцата се сложивме дека ова е најдобра комбинација за нас.
Всушност идејата за ова смути доаѓа од познатото Hangover Smoothie со тоа што дел од состојките ги заменивме и ги прилагодивме по наш вкус.

За потготовка сите состојки се ставаат во блендер и се мешаат додека не се добие хомогена смеса.

* Сокот од цеден портокал е 150-160 мл сок од портокали, а остатокот е вода.
* Од оваа количина на состојки се добива смути за околу 5 чаши од 200 мл.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани