Во сад за матење со миксер изматете ги јајцата додајте го маслото и повторно матете додајте го брашното и ќе добиете дебела смеса. Потоа додајте го полека млекото, може прво млекото, па потоа брашното, но понекогаш така ми се прават грутчиња.
Печете ги палачинките во тава за палачинки.

Во друг сад за матење ставете ја слатката павлака и матете, откако ќе се згусни оставете малу за декорација, а во другиот дел додајте го еуро кремот и повторно матете. Земете една кора од палачинките и премачкајте ја со филот и ставете половина банана на средина да накапете ја со претходно растопено чоколадо и посипајте ја со лешник...Постапката повторете ја со сите палачинки....Добар апетит

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани