Пита за секоја пригода.
Прво ќе го подготвиме тестото.
Квасецот здробете го во 100мл млако млеко и оставете го да се активира.
Во поголем сад соединете ги брашнотот, шеќерот и солта, додајте го квасецот, преостанатото млеко и јајцето, измешајте со лажица, додајте го стопениот путер и замесете мазно тесто, околу 10 мин. По потреба додавајте по маалку брашно.
Во друг сад, измачкајте го со масло, префрлете го тестото, покријте го и оставете го околу 2 часа.
За филот, млекотот стоплете го па додајте го путерот внатре да се истопи. Посебно соединете ги оревите, шеќерот, какаото, додајте ја смесата од путер и млеко и оставете да се излади.
На маса ставете чаршав, посиете брашно и тестото со помош на оклагија убаво истегнете го. Потоа краевите истегнете ги рачно.
Нанесете фил заролајте и свиткајте во форма латинично С.
Во клапот за леб на Делимано ставете го ролатот, оставете да надојде уште еден час, премачкајте со растопен путер и печете на 180с 50мин

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови