Подготовка:
1. Во млакото млеко ставете го шеќерот, јајцето и белката, квасецот, ванилата, солта и измешајте ја смесата.
2. Брашното постепено додавајте го. Од вкупната количина 1 чаша чувајте за домесување. Тестото не треба да е многу лепливо, но треба да е меко. Пред крајот на месењето додајте го путерот, измесете убаво и ако треба додајте уште брашно од последната чаша. Поделете го на два дела.
3. Едниот дел е бел, а во другиот додајте го какаото. Убаво измесете го. Ако треба додајте уште малку брашно, битно да не се лепи. Прекријте ги двата дела и оставете ги на топло да скиснат.
4. Тепсијата во која ќе ја печете погачата премачкајте ја со путер. На средина ставете шолја.
5. И белиот и кафеавиот дел поделете го на 8 топчиња. Секој дел исучете го малку, на едниот крај исечете го (види слика) на другиот ставете од чоколадото и свиткајте во кифла. Водете сметка за големината на кифлата, таа треба да е голема од крајот на тавата до шољата.
6. Еден дел од белото и еден од кафеавото тесто тргнете на страна. Другите 14 направете ги во кифли и наредете ги во тепсијата околу шолјата.
7. Тие две топчиња од тесто расучете ги по должина во иста големина, над белото ставете го кафеавото, по долгата страна ставете од чоколадото, направете резови на другата страна, свиткајте во ролат, па во полжав. Извадете ја шолјата и на тоа место ставете го тој дел. Прекријте го со фолија и оставете го отприлика еден час тестото да се дуплира.
8. Пред печење премачкајте ја погачата со жолчката во која ќе ставите 1 лажиче млеко.
9. Печете во загреана рерна на 180 степени отприлика половина час.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови