Ова е еден од моите постари рецепти во тефтерот и често застапен десерт во моето семејство.

1. Најпрво го мешаме брашното со дел од водата, убаво да се раствори за да нема грутки, потоа преку цедалка го прецедуваме во некое тенџере.
2. Се додаваат сите останати состојки ( освен маргаринот ), се вари кремот на тивко со постојано мешање додека ја достигне потребната густина.
3. Го тргаме настрана тенџерето, го покриваме со стреч фолија и оставаме да се излади.
4. Посебно се миксира маргаринот ( на собна температура ), па го соединуваме со изладениот крем.

Совет - оставете го барем еден час во фрижидер пред да го конзумирате. На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови