Подготовка

1. За основата на сладоледот ги мешаме брашното, какаото, содата и солта во подлабок сад. Ги додаваме млекото, јаворовиот сируп, ванилата, оцетот и маслиновото масло и мешаме убаво со жица. Смесата ја префрлуваме во калап за печење и печеме на 180 степени околу 20 минути.
2. Оставаме основата за сладоледот целосно да се олади. Калапот го миеме и сушиме, го обложуваме со хартија за печење и во него ја враќаме печената основа и замрзнуваме 2 часа.
3. Сладоледот од фстак го оставаме да омекне, па го премачкуваме во калапот врз замрзната основа и израмнуваме. Враќаме во замрзнувач најмалку 2 часа. Истата постапка ја повторуваме со сладоледите од манго и јагода. Кога ќе го ставиме последниот слој сладолед/сорбе ја оставме тортата во замрзнувач преку ноќ.
4. Пред послужување оставаме кратко на собна температура, па со помош на хартијата за печење ја вадиме тортата од калапот и пренесуваме на чинија.
На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани