Ммм... малини од дворче, пресно набрани во вкусна летна тортичка вткаени )))

Во сад за матење ја матиме слатката павлака. Откако сме ја изматиле ја додаваме киселата павлака и дел по дел од шеќерот во прав со матење на миксерот.
Тортата е солидно блага. Моја препорака би била да смалите на шеќерот на пример на 150 гр.

Крем основата ја делиме на 3 дела.

Во едниот ги додаваме мелените бисквити, мешаме со лажица и го распоредуваме во калап на откопчување (22).

Во другиот ги додаваме малините. Исто така мешаме со лажица и го распоредуваме врз подлогата од бисквити.

Претходно топиме на пареа едно чоколадо кое во меѓпувреме не е жешко, а сепак е течно и го додаваме во третиот слој. Мешаме, па го распоредуваме врз слојот со малинки. Убаво израмнуваме и калапот го оставаме во фрижидер преку ноќ.

Следниот ден го вадиме од калапот, украсуваме и сечиме на парчиња.

Благодарност до мојата виртуелна пријателка Гала за рецептот.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови