Најпрво ја матиме шлаг пената со млекото додека да стане цврста.
Во друг сад ги делиме белките од жолчките.
Во белките додаваме две лажици шеќер и матиме додека да добиеме цврста пена. Потоа ги матиме жолчките со две лажици шеќер и една ванила.
Откако ќе ги изматиме убаво жолчките ги додаваме во белките и матиме заедно.
Откако ќе се соединат убаво ги додаваме во изматениот шлаг и повторно мешаме додека се соединат убаво.
Настрана ги блендираме јагодите и ги додаваме во изматената смеса и повторно мешаме за да се изедначи. Вака приготвениот сладолед го истураме во пластичен сад и го оставаме во замрзнувач да се стегне.
Вкус кој мора да се проба
Добар апетит

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови