Слатката павлака се мати со шеќерот и ванилата, па откако ќе згусни постепено се додава ладното млеко, па маскарпонето и киселата павлака.

Наполитанките се дробат. Овде користев Винчини наполитанки со какао, дел чоколадирани Вафрета и дел нечоколадирани одозгора. Доколку се решите со чоколадираните, за полесно дробење добро е претходно да отстојат во фрижидер за да не се лепат од чоколадото додека ги дробите.

Дробените наполитанки се мешаат во смесата за сладолед која потоа се истура во соодветен сад и оди на мрзнење во замрзнувач неколку часа или преку ноќ.

Наполитанките во сладоледот даваат посебен шмек кога се јади, особено аромата се истакнува кога ќе го оставите малку да почни да се топи.

Секоја топка сладолед украсете ја со чоколадниот прелив на Винчини ммм...