Доколку сакате да ги изненадете најмладите со сладолед и благи работи што се јадат посебно ова е рецепт се во едно...

Во длабок сад се ставаат кршените бисквити, сецканите ресани, сецканите пралине бонбони, бони топ бонбоните, сецканите медени колачиња.
Во друг сад се ренда крушата и се пасира со млекото. Подобро би било да биде банана наместо круша ама мене на сред работа ми текна дека немам банана, па зедов круша.
Во испасираното се става сладоледот и се меша додека истиот не се растопи.
Потоа оваа смеса се истура врз состојките од другиот сад и смесата се меша.
Од оваа смеса се полнат калапи до горе (бидејќи нема печење) и се ставаат во замрзнувач.
Откако ќе замрзнат, се спремни за служење.
Брзо, лесно, благо, ладно....

Јас со овие количини на состојки наполнив 18 калапчиња.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани