Е поздраво сладило не сум сретнала!
Ѝ кажувам фала на другарка ми Елена З.Х (ова второво презиме е мошне чудно) за идејата. Таа ми даде точен рецепт, но толку многу пати го приготвив изминатава недела, што веќе комплетно го сменив и прилагодив рецептот за мои потреби.

Експресно се прави ако имате добар блендер. Само ставете ги урмите (без семка), водата и сокот од лимон во блендер и блендирајте додека не добиете хомогена смеса.
Толку е!

Е сега ако сте за жалење како мене и немате блендер бидејки ви се расипал, има начин и за тоа.
Потопете ги урмите во млака вода колку да ги прекрие. Оставете ги да одстојат, колку подолго, толку подобро. Јас ги оставам преку ноќ.
Следниот ден извадете ги од водата, испасирајте ги со вилушка убаво и потоа додадете ја водичката и сокот од лимон.
Јас имам едно мало блендерче, па во него ги правам со подолго покиснување. Искуството покажа дека така е најдобро кога немам саглам алат за занат.

Значи, количината на урми е по желба, водата е да ги прелие, по потреба, сокот од лимон може да се изостави, ама супер вкус се добива со него.

Го користиме за засладување на чај (лажичка две по вкус), како разредено скокче за децава (исто лажика две), како џем на палачинки и леб, ептен ни се погоди. Нема шеќер, а благо до бесвест.
Се чува во фрижидер, во сад по желба. Кај нас тоа е стаклено тегличе.

Оргиналниот рецепт беше со 100 грама урми, окулу 400 мл вода и сок од лимон, ама многу разредено беше така, комбинацијава што си ја добив со тек на време повеќе ни одговара.

Ете така и од мене нешто ептен здраво, брзо и да не е од некоја баба =))

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани