Пченицата се чисти ,се мие и се става да се вари.Одкако ќе се свари се цеди вишокот вода и се остава да се олади.На машина за мелење месо се меле два пати за да биде покремаста да не се чувствува лушпата.Одкако ќе се сомеле се додава шеќерот,оревите,циметот,ванилите и рендано морско оревче.Пченицата убаво се меша да се спојат зачините и се сервира во чинија во облик по желба.
Ваквата пченица е неизбежен дел од славата затоа што кога гостите-визитари ќе дојдат прво се послужуваат со пченица а потоа со се останато.Се разбира тука е и славското лепче.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Без адаптирани дела