За подготовка на белите колачиња најпрво ги премачкуваме со растопено бело чоколадо.Постапката ја повторуваме два пати со тоа што при секое премачкување калапите ги оставаме во замрзнувач.

Водата ја зовриваме заедно со ванилата и маргаринот и ги потурваме бисквитите. Убаво мешаме и оставаме да се излади смесата. Кога ќе се излади ги додаваме сувото грозје и кајсиите. Ги полниме калапите и потоа ги затвораме калапите со белото чоколадо и ги враќаме повторно во фрижидер.

За подготовка на ролатот најпрво ги мелиме бисквитите го додаваме медот и смесата ја натураме со претходно зовриената вода со маргаринот. Убаво ја мешаме смесата и ги додаваме сецканите лешници, сувите сливи и се убаво мешаме. Сместа ја оставаме да се подизлади и потоа ја виткаме во ролат со помош на најлонска фолија и ако саката сместа ставете ја во калап. Кога ќе се оформи колачот одозгора прскаме бело чоколадо.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови