Леблебијата се става од вечер да омекни и набабри.
1. Во блендер се ставаат состојките и се блендираат поинтензивно додека се добие кремаста смеса. Додадов 2 урми за да биде поблаго.
2. Се блендира со мали паузи за да не се оптовари блендерот (бидејќи состојките се сирови).
И толку, готово е, побрзо здравје!
3. Се става во сад и се јаде со дрвена лажица бидејќи така се задржуваат сите хранливи состојки (тоа ќе ви го потврдат веганите).

Сите вегански јадења се прават брзо и лесно, полни се со енергија и витамини.
По желба можете да додадете што сакате, индиски орев, семки од тиква, ленено семе, лешник, орев, суво грозје, смокви ...
Пријатно

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови