Модриот патлиџан исечете го на тенки кругови околу 5 мм, посолете го и оставете го околу 1 час да ја испуштат темната течност. Исцедете ги и наредете ги на салфетки.
Земете едно парче од модриот патлиџан и ставете по едно парче шунка и моцарела и поклопете го со друго парче патлиџан. Постапката повторете ја додека се потрошат сите парчина.
Така оформените сендвичи најпрво од сите страни извалајте ги во брашно, во изматено јајце со малку сол и бибер и на крај во презла.
Пржете ги во загреано масло од двете страни и потоа извадете ги на салфетка да се впие маслото.
Послужете ги топли.

Доколку користите шунка поголема од патлиџанот малку свиткајте ја од страните да не излегува надвор како што е кај мене (се гледа на дополнителната слика) и моцарелата нека биде кон средината за многу да не тече при пржењето.
Од оваа доза мене ми излегоа 10 сендвичи.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани