Во еден поголем сад измешајте ја киселата павлака со врелата вода, па додајте ја студената и уште еднаш измешајте. Додајте ги солта, шеќерот, сувиот квасец, на крај брашното, па мешајте со дрвена лажица додека цело брашно не се навлажни и не добиете тесто како груба топка. Покријте го и оставете го да стои 10 мин. Нежно премесете го тестото не вадејки го од садот, со преклопување, едно 7 - 8 пати. Повторно оставете го да стои 10 мин. Повторете го ова уште два пати и на крај теба да добиете сосема мазно, еластично тесто. Покријте со прозирна фолија и оставете да кисни 1 час.
Ставете хартија за печење во долг длабок калап за леб.
Работната површина сосема малку намастете ја и развлечете го тестото во правоаголник со дебелина 2 цм. Завиткајте го во цврст ролат и ставете го во калапот со споената страна надолу. Покријте со прозирна фолија и оставете да стаса 1 до 1 1/2 час.
Загрејте ја рерната на 200 Ц.
Површината премачкајте ја со вода, белка од јајце или посипете ја со брашно, веке спрема ваша желба, ако сакате и зарежете го лебот.
Печете го 45 мин, додека внатрешната температура на лебот не достигне 93 Ц или додека дното не звучи шупливо на удар.
Веднаш извадете го од калапот и изладете го на жица покриен со крпа.

Ова е леб кој долго стои свеж, со тенка кора а мека средина, идеален за сендвичи и тостирање.
Јас многу често го правам, брзо е готов и не бара многу ангажман.
На сликата од оваа количина тесто се испечени два леба, во помали калапи. Така едниот можам да го замрзнам, или да "го дадам на комшиите" :)))))))

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови