Свинското месо се сече на коцки, се посолуваи се премачкува со сенф.
Вака подготвено месото се остава најмалку 15 мин да одстои.
Потоа месото се става во подлабок сад да се динста, најпрво се остава на потивок оган без никаков додаток од зејтин за да му испари сопствената течност и потоа се додава путерот или зејтин и се продолжува со динстање.
Вака се остава месото да се динста додека не омекне. Повремено се промешува за да не загори.
Кога веќе ќе омекне се додаваат печурките и киселата павлака. На крај се додава и толчениот лук и зачини по вкус.
И вака подготвено се става во тавче и во рерна за да се подпече малку.
Се декорира со зелена салата.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови