Во сад на оган ставете го маслото со месото и пропржете го се додека не добие убава црвенкаста боја.
Празот исчистете го и насечете го на крупни парчиња на косо. Сувите пиперки измијте ги, исчистете ги од семето и насечете ги на парчиња. Сувите сливи измијте ги.
Во маслото што се пржеше месото ставете ги сливите и пропржете ги маку да омекнат, потоа додајте го празот, малку пропржете, додајте го месото и пиперките, повторно малку прожите, зачинете па додајте го виното, Нека крчка неколку минутки, па додајте ја водата.
Оставте да се крчка на тивок оган околу 30-40 мин.
Ова е рецепт кој што се припрема со генерации во мојата фамилија.
Може да се служи као прилог со печен компир, со кисела павлака, а може и како самостоен оброк.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови