Свинското месо се сечи на парчиња.
Се зачинуваат со маслиново масло, сол,куркума, бибер, сенф, мелен ѓумбир, мешан зачин и така нека одстојат околу 10-12 часа во фрижидер.
Во истиот сад каде се маринирале (кај мене беа во касерола) се пропржуваат на маслиновото масло во кое се маринираа.
Се пржат се додека не испари сопствената течност од месото.
Потоа се налива белото вино, по потреба и вода и се крчка на тивко оклу 1-1,30 минути.
Пред крај се додаваат шампињоните и повторно се наросува со мелен ѓумбир.
Се сревираат со пире, со пржен компир, со сезонска салата.....

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани