Подготовка:

1. Во големо тенџере се става вода и нелупеното цвекло и морковот и заедно се варат. Се оладуваат. Додека се ладат се потпекуваат пиперките-се пeчат од двете страни малку. Сите состојки се сецкаат.
2. Во пластичен длабок сад, со капак, се ставаат сите состојки. Се додава исечканиот лук, магданосот и биберот. Убаво се промешува и се додаваа маслото, киселината, шеќерот солта и конзервансот. Значи сите состојки се ставаат во садот се промешува со дрвена лажица се покрива со капакот и се остава 24 часа да стои. Солилото не се вари туку така наеднаш се реди во садот со зеленчук. Повремено се промешува.
3. Наредниот ден се затоплуваат теглите и се става салатата во тегли. Убаво се затвораат и се вракаат во топлиот шпорет до наредниот ден.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани