За сите што сакате малку поинаква салата.
1. Сувиот леб накиснете го во малку вода и исцедете го.
2. Во погоден сад ставете го исечканиот магдонос, исечканото лукче, лебот, оревите, мајонезот и павлаката, посолете и побиберете по вкус и измешајте.
3. Салатата ставете ја во фрижидер до служење, најубава е кога е ладна. Пред служење наросете ја со потпечен сусам. На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови