За промена на црвените домати, да разбиеме малку бојата, нека има шаренилца оти јас сум си по нив... Оваа салата за која го поставувам рецептот е повеке од одлична - топло ви ја препорачувам да си ја спремите.
1. Исечете го доматот на поголеми резанки или кругови, посолете го со шеќерот и солта и оставете да одстои 2 часа за да го пушти сопствениот сок.
2. Исцедете го сокот кој го пуштил доматот во тенџере, додајте го зејтинот и оцетот, ставете да проврие и врие само 1 минута. Тргнете од огнот и оставете сосема да се олади овој пресол.
3. Во исечениот домат ставете го копарот, лукот и биберот, измешајте, полнете ги теглите и залијте со оладениот пресол. Затворете ги теглите со капаците, ставете во тенџере со вода да провријат и да се затворат капаците. Толку време е потребно, а нели се познава кога капаците се затворени, тргнете од огнот.

Сладете се на оваа салата, предобра е иако е од зелен домат.
ЗАБЕЛЕШКА
Во оригиналниот рецепт количината на солта е 100 гр. а винскиот оцет е 200 мл. но бидејки јас не јадам толку солено и кисело, си ја прилагодив према мене, сосема ми одогвара овака како што сум ја напишала. Доколку вие сакате посолено и покисело, тогаш ставете ги овие мерки што овде ги напишав.

Лиценца: Сите права се задржани