1. Морковите ги чистиме и ги сечиме на кругови со дебелина од 5 мм. Ги ставаме да се варат во солена вода. Кога ќе бидат при крај со варењето ја додаваме брокулата разделена на помали парчиња. Вариме уште 5-10 минути.
2. Пилешкото го сечкаме на коцки и го пржиме во тавче на малку масло. Кога ќе биде готово го додаваме исцедениот зеленчук. Зачинуваме со црн бибер и 1 лажиче мешан сув зачин. Додаваме малку путер и сето заедно го пропржуваме.
3. Јајцата ги вариме.
4. Пред да го тргнеме јадењето од оган го додаваме биеното сирење исечено на мали коцки. Промешуваме.
5. Јадењето го сервираме во чинија и врз секое ставаме по едно јајце исечено на кругови.
Мене ми имаше останато пилешко од претходниот ден, имав печено пиле па така и вие може да искористите пилешко месо додколку ви останало од претходниот ден за ова јадење. Затоа само кратко го пропржив месото.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани