Во тенџере со вода се ставаат октоподите и зеленчукот. Се покриваат со капак и се оставаат да зовријат. Откако ќе зовријат на среден оган се варат околу 20-25 минути да омекнат. Но доколку користите голем октопод ќе му треба повеќе време за да се свари можи околу 45 мин или најдобро е да се провери со вилушка дали омекнал.
Сварените октоподи извадете ги од водата и на даска исецкајте ги на мали парчина. Додајте ги зачините, измешајте ги.
Послужете ги како ладно предјадење или со додаток на варени компири може да биде и главно јадење.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани