Во тенџере со зовриена и посолена вода ставете ги макароните да се сварат. Потоа исцедете ги и исплакнете ги со ладна вода.
Вратете ги во тенџерето додајте го сосот од босилек и измешајте ги.
Во поголема чинија исецкајте ја зелената салата, малку посолете и попрскајте ја со масло. Одозгора ставете ги макароните и посипете ги со пармезан.
Јајцата излупете ги и сечете ги на кругчиња, сирењето исечете го на коцки, а доматите на половинки или четвртинки. Распоредете ги над макароните. Посолете ги и попрскајте ги со масло.
Салатата украсете ја со неколку ливчиња магдонос и послужете ја како ладно предјадење или како самостоен оброк.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани