Оваа салата-зимница од зелени домати е рецепт на мајка ми. Ем рецепт, ем мерките се по потреба според количината која сакаме да ја направиме.
Одлично мезе или предјадење за идните ладни денови.

- Доматите треба да бидат ислкучиво зелени. Се мијат, се сечат на кругови 3-4 см, и се редат во некоја тегла (подобро е да биде од 2 литри или поголема).
- Се реди ред зелени домати, се посолува со јадрата сол, па се става малку исечкан лук, па исечкан магдонос. Постапката се повторува додека да се наполни теглата до горе.
- Теглата се затвора со соодветното чисто капаче и се остава да отстои 24 часа.
- Другиот ден доматите ќе пуштат вода која ќе ги опфати до некаде во висина во теглата, а доматите ќе се намалат и ќе остане празен простор до капачето.
- Од водата која ја испуштија доматите се вади 3-4 лажици, и во теглата се дотура бела киселина се додека да се покријат доматите.
- Се затвора убаво теглата и се чува на ладно место, најдобро во обичен фрижидер. По неколку дена доматите и магдоносот ќе ја сменат бојата и веќе се готови за проба.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани