Доматите се лупат и се рендаат, смесата се става во длабок сад и се додава магдонос и сол по вкус. Ние дома бидејќи сакаме да налутнува малку, додаваме и свежи ситно сецкани феферонки.
Се промешува смесата и се полни во тегли.
Теглите се вакумираат така што ги ставаме во рерна која е претходно загреана на 200С. Рерната е вклучена 10 мин. и откако ќе ја постигне температурата ги редиме теглите и ја исклучуваме. Во текот на ноќта теглите ги оставаме да стојат во рерната, а преку есента тие се чуваат на темно и студено место.
Преку целата зима салатата е постојано на нашата трпеза, ставаме од неа во длабок сад, сецкаме кромид во неа и во комбинација со домашни колбаси е највкусниот ручек што некогаш сте го пробале.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови