Многу необична салата редно време беше да се вклучам во друштвото на љубопитните непца.И тука дефинитивно не застанувам ми се допадна авантурата.
Подготовка
1. Во здела измешајте го зелениот папар, ренданата кора од пола лимон и маслиновото масло. Исечетеа на половина дињата, исчистете ја од семки и издлабете ја нејзината внатрешност. Дињата ставетеа во садот со лимоновата кора, маслиново масло и папарот да се излади половина час во фрижидер.
2. Сварете го оризот, пиперката исечетеја на тенки парчиње. На боранијата одстранете и ги врвовите исецкајте ја и сварете ја во вода со малку сода бикарбона.
Варете ги околу петнаесетина минути исцедете и оладете.
3. Оризот сварен ал денте исцедете го и изладете со млаз ладна вода.
4. Сите состојки имешајте ги заедно со дробената моцарела.
5. Сервирајте во половинката вдлабнета диња и послужете.
Забелешка
Јас се изненадив од спојот на состојките и нивниот вкус. Пред да ја послужите оладете ја во фрижидер половина час.
Добар апетет!!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани