Еве еден предлог како можете да уникатен начин да ги изненадите вашите мајки,баби,сестри..за празникот 8ми март.

Во еден сад ги мешаме брашното,пецивото и какаото.
Пенесто се мати шеќерот, путерот, ванилата и циметот.
Додаваме јајце по јајце, а потоа румот.
Матиме уште 5 минути па гододаваме црвеното вино и ренданото чоколадо.
Корпиците се редат во калапите и се полнат со тесто.
Се полни 1/4 од корпицата па се пече во загреана рерна. Печете од прво на 180, а потоа намалете на 150и оставете убаво да се испечат.
Откако се печени мафинките, кои во случајов ќе преставуваат саксии, оставете ги да изладат.
До тоа време вие замесете го локумот шеќерот во прав и густинот, па додавајте бои по вкус и оформете цветови. Ставете во ладилник да се стврднат.
Кога се е ладно и спремно за работа одиме да ги финишираме саксиите со цвет.
Израмнете ги со нож мафинките.Полејте ги со афионово семе како да има земја саксијата.Во средишниот дел ставете го цветот и декорирајте по вкус.Ова е прекрасен колач...и по вкус и на изглед.
Овој пат наместо на здравје ќе пишам-СРЕЌЕН ПРАЗНИК ЗА СИТЕ ЖЕНИ.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови