Јајцата се матат со шеќерот се додава млекото зејтинот пецивото какаото и брашното сето се меша и се пече во помал плех од шпорет. Маргаринот пенасто се мати со шеќерот. Млекото го вариме со пудингот од кога ќе излади се меша со маргаринот. Кората се сече со округло калапче, се зема парче кругче се мачка од филот се лепи со друго и одоколу се премачкува од филот, па се валка во кокос. Одозгора се става чоколадна глазура, се украсува со смесата од фил и се наросуваат шарени мрвици.

Од кората останува остаток се пече повторно да се исуши се меле со машинка за ореви се ставаат и отприлика ореви остаток од филот и ако е цврсто може да се додаде и јајце. Се меша и од смесата се прават бомбици. Правејќи една сорта на колачиња ние добивме две.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови