Незамисливо е да се организираат новогодишни забави, фамилијарни дружења, детски родендени без главната ѕвезда на масата- руската салата, која е неизбежен дел од трпезата.

Подготовката е на следниот начин: 
1. Ја ставаме мешавината од зеленчуци за руска салата да се вари. Ги ставаме и јајцата да се варат, потоа ги рендаме. Кашкавалот, шунката и киселите краставички ги сецкаме на мали коцкички.
Сите спремни состојки ги соединуваме, посолуваме и додаваме мајонез. Промешуваме за убаво да се соединат состојките. Оставете ја салатата во фрижидер до послужување. Декорирајте по желба.

Забелешка - доколку немате готова мешавина од зеленчуци, тогаш можете да ги спремате посебно (2 компири, 200гр грашок и 150гр моркови ). Компирите и морковите претходно исецкајте ги на коцкички. Сите состојки ставете ги да се варат.

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани