Салатава често си ја приготвувам понекогаш и со суви домати и навистина е фантастична, ја крстив ројал салата бидејќи според мене содржи свежи кралски состојки кои ја прават целосна за мој вкус.

Најпрво исмиените листови марула и рукола исцепкајте ги со рака на средни парчиња. Посолете ги и додадете малку лимон по желба но и не мора. Мене ми се така посвежи листовите затоа и малку додавам. Морковот исечете го на листови на ренде и распоредете го врз зелените листови. Врз нив сега наредете ги доматите и маслинките.
На страна измешајте ги состојките за дресингот и со него прелијте ја целата салата. Наросете со пармезан и сечкани парчиња печени фстаци.
Добар апетит!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови