Тиквичките ги вакламе во брашно измешано со сол, зачин и црн бибер и малку ги пропржуваме, колку да омекнат. На меленото месо го додаваме исецканиот кромид, сол, зачин, црн бибер и оригано и ја мешаме смесата. Од месото правиме форми како ќебачиња. Исто и нив малку ги пропржуваме. Секое ќебапче го премотуваме со лентата тиквичка. Ги редиме во тава и ги ставаме да се печат во рерна.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови